Атеистот и старицата

Ноќта, во 12 часот некој чукна на вратата од куќата на еден свештеник. Тоа беше една старица, која го бараше свештеникот за да причести еден смртно болен човек. Свештеникот се подготви и брзо излезе со неа. Двајцата стигнаa пред една бедна куќа. Старицата ја отвори вратата и го испрати свештеникот во една собичка. Ги остави двајцата да бидат сами. Кога човекот го виде свештеникот, почна да му покажува кон вратата и да му вика:

– Бегај оттука! Кој те викна? Јас сум атеист и таков и ќе си умрам!

Свештеникот се збуни и не знаеше што да каже.

– Но, јас не дојдов сам, ме викна старицата.

– Каква старица? Јас не познавам никаква старица!

И како што стоеше до креветот, свештеникот здогледа фотографија од истата жена која и го повика. Тогаш му рече:

– Еве, оваа жена ме викна!

Која, оваа ли?! Знаеш што зборуваш ти, или не? Ова е мајка ми, која почина пред неколку години.

Наеднаш, двајцата се скаменија и уплашија. Болниот започна да плаче и откако се потсмири, побара да се исповеда. Потоа се причести.

И од небото мајка му се грижеше за него, за да му го покаже патот на спасението.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz