Обновено: Архиепископот Стефан со најголем рејтинг во САС на МПЦ-ОА

МПЦ-ОА Синод

Архиепископот Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА има најголем рејтинг од членовите на Светиот Архиерејски Синод, покажува истражувањето на Институтот за политички истражувања Скопје, коешто го пренесува МРТ. Според јавниот сервис, Архиепископот добил 26,9 насто во телефонската анкета што е направена од 18-ти до 21-ви декември на примерок од 1.012 испитаници. Анкетата е направена по барање на Здружението на македонските православни општини во Австралија. После Архиепископот, владика со најголем рејтинг е митрополитот Тимотеј, а потоа следува владиката Агатангел.

Истата вест ја пренесува Алфа ТВ, но со различен исход. Имено, според Алфа ТВ, повеќе од две третини од граѓаните (68%) имаат доверба во Синодот. Најзадоволни, со 87 проценти, се од владиката Климент. Освен г. Петар со 35 и г.г. Стефан со 77 отсто, сите други владици имаат популарност од над 80%.

Истражувањето не е објавено на официјалната страница на Институтот.

Извор: МРТ | АЛФА ТВ

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz