Антихристот и жигот на ѕверот не беа главната порака на старец Паисиј

dzverot-na-tapiserija

…Други, пак, доаѓаат на Света Гора барајќи пророци и претскажувачи. Овие несреќници гледале работи по телевизиите и интернетот, и доаѓаат на лице место да ги потврдат ваквите работи, и стануваат жртви на своето истражување. Тие ги анализираат дури и зборовите и писанијата на блаженоупокоениот старец Паисиј. Старецот, онаков каков што ние го знаевме, беше човек исполнет со мир, љубов и добрина. Штом човек појдеше кај него, неговата душа се смируваше; тој ни даваше надеж и животна радост. Денес се делат стотици копии од негови пораки за Антихристот и жигот на ѕверот, како тоа да била неговата главна порака.

Се вознемирувам од ваквите настани. Некој му превел некаков си памфлет од англиски јазик, од оние што протестантите ги делат низ Америка, и тој си го зеде тоа при срце. Ваквите работи одамна поминаа во Америка, и ние му го кажавме тоа, затоа што ги читавме многу години пред тој да го напише овој текст. Но, тој беше упорен… видете, тој беше Караманлиец (по потекло од област во Мала Азија, со преносно значење упорен, истраен, заб. на прев.). Старец Порфириј дури и го прекори да престане да се занимава со ваквите работи. Есхатологијата (учењето за крајните времиња, заб. на прев.) е верско брборење кое носи смут и незаинтересираност за спасението на душите.

старец Макариј од светогорскиот скит на Рождеството на Пресвета Богородица

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz