Андреј Тарковски: Слово за Откровението

Не сум баш навикнат на настапи каков што е овој којшто планирам да го одржам, на настапи на вакво место, в црква. Малку се плашам, поради своите световни концепции. Но, бидејќи не планирам да одржам никакви стручни предавања, туку просто ќе се обидам да размислам околу тоа што Откровението значи за мене, како за уметник, мислам дека тоа на некој начин ќе ја спаси ситуацијата и ќе објасни зошто се одлучувам на ова овде. Така на пример, доколку пред неколку месеци ми речеа дека ова овде е можно, јас не ќе поверував. Меѓутоа, во последно време сиот мој живот се сложува донекаде откровенски, па оттука и самиот овој чекор е сосем природен и логичен.

Сталкер

Откровението е можеби најголемото поетско дело створено на земјата. Тоа е феномен кој всушност ги изразува сите закони одозгора му биле дадени на човека. Знаеме дека мошне долго се водат споровите по повод различните толкувања на овие или оние стихови од Откровението на светиот Јован. Значи, говорејќи грубо, ние сме се навикнале дека Откровението се толкува, дека го толкуваат. Тоа е баш она што, според моето мислење, не треба да се прави, затоа што Откровението е невозможно да се протолкува. Затоа што во Откровението нема символи. Тоа е слика.

Во таа смисла што ако символот е возможно да се толкува, тогаш сликата е невозможно (да се толкува). Символот може да се дешифрира, поточно, од него може да се извлече определен смисол, определена формула, додека сликата не можеме да ја разбереме, туку можеме да ја доживееме и да ја примиме. Оти, таа во себе има бесконечен број на можности за толкување. Таа како да изразува еден бесконечен број на врски со светото, со апсолутното, со бесконечното. Откровението е последна алка во овој ланец, во оваа книга, последна алка која ја завршува човечката епопеја, во духовна смисла на овој збор. Ние живееме во мошне тешко време, и неговата сложеност се засилува секоја година. Иако, доколку макар малку ја познаваме историјата, можеме да се потсетиме дека повеќе пати се говорело за приближувањето на апокалиптични времиња. Речено е: „Блажен е оној, кој чита, и оние, што ги слушаат зборовите на пророштвото и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску“.

Пешерата на Откровението

Па сепак, условноста на времето е толку очигледна што ние не можеме со точност да определиме кога ќе се случи она за кое Јован пишува. Тоа може да биде утре, можеби за илјада години. Токму во тоа е смисолот на таквата духовна состојба, духовна состојба на човекот кој треба да чувствува одговорност пред својот живот. Неможно е да се замисли дека Откровението настанало тогаш кога нашето време било исцрпено. Затоа не смеат да се изведуваат никакви заклучоци од текстот на Откровението по повод времето како такво.

Сигурно сте забележале дека во Откровението има многу точни цифри, датуми. Се наведува бројот на жртви и бројот на праведници. Но, од моја гледна точка тоа воопшто не значи ништо, тоа е како некаков сликовит систем кој емотивно се доживува. Цифрите, некои точни моменти, се важни за да се почувствува човечката судбина, за да се запознае иднината. Ќе го појаснам ова преку пример. Уште од мали нозе многу ја сакав книгата „Робинзон Крусо“ – секогаш страшно ми се допаѓаше и ме возбудуваше набројувањето на она што било изнесено на брегот и што било плен на Робинзон. Ние живееме материјализирано, повторувајќи за постоењето на просторот и времето. То ест, ние живееме благодарение на присуството на овој феномен, или два феномена, и сме мошне чувствителни на нив затоа што тие ги ограничуваат нашите физички рамки. Но, како што е познато, човекот е создаден по ликот и подобието Божјо, и според тоа, има слобода на волјата, способност да создава.

Зеркало

Во последно време, и не само во последно, туку и веќе прилично долго, ние честопати си го поставуваме следното прашање на себеси: „не е ли творештвото, всушност, грешно?“ Зошто се јавува таквото прашање кога ние несомнено знаеме дека творештвото нѐ потсетува на тоа дека и ние сме створени, дека Отецот ни е Еден? Зошто се раѓа една таква, би рекол, богохулна мисла? Затоа што културната криза на последниот век доведе до тоа уметникот да може (да биде) без било какви духовни концепции. Кога создавањето бива некој вид на инстинкт, што и да е. Па ние знаеме дека некои животни исто така имаат естетски осет и дека можат да создаваат нешто завршено во формална, природна смисла. Ете, да речеме, саќето кое го создаваат пчелите за во него да стават мед. Уметникот започна да се однесува кон талентот кој му е даден како кон своја сопственост, од што и доаѓа правото да смета дека талентот не го обврзува на ништо.

Вака се објаснува таа обездуховеност која владее во современата уметност. Уметноста се претвора или во некакви формалистички потраги, или во стока за на пазарот. Не треба да ви објаснувам дека кинематографијата се наоѓа во центарот на ваквата положба на нештата, – впрочем, како што е познато, таа се родила кон крајот на минатиот век на панаѓур со цел на чиста заработка. Неодамна бев во Ватиканскиот музеј. Таму огромен број на дворци се посветени на современото религиозно сликарство. Тоа секако треба да се види затоа што е ужасно. Јас не разбирам зошто ваквите, простете, дела, се поставуваат на ѕидовите на еден таков музеј. Како ова може да ги задоволи религиозните луѓе, а особено црковната католичка управа. Тоа е просто поразително.

Оставете коментар

2 Comments on "Андреј Тарковски: Слово за Откровението"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Koj toa drug mozhe da go protolkuva Otkrovenieto osven Svetiot Duh.Bog e veren,i teshko razbirlivite neshta vo Svetoto Pismo se odamna jasno objasneti od Svetite Crkovni Starci niz istorijata.A denes,se drzne li covekot zaglaven vo svetskata grdosija da bara niski, svetovni,antihristovski tolkuvanja,a po se izgleda deka se neizbezni,neka mu bide jasno toa deka toj vekje si ja zapecatuva neprimetno prvata 6ka na sopstvenoto chelo.

[…] е тоа Апокалипса? Како што реков – тоа е слика на човечката душа со нејзината […]

wpDiscuz