Акатистот низ фрески: втор дел

продолжение од првиот дел

ИКОС 4

Ја слушнаа пастирите ангелската песна што го воспеваше плотското пришествие Христово, та поитаа како при Пастир, да Го видат кај лежи како Агнец непорочен, одгледан во утробата на Марија, запеаја и вака ѝ прословија:

Икос 6
Икос 6
Радувај се, Мајко на Агнецот и Пастирот.
Радувај се, Трло на овците словесни.
Радувај се, неволјо за демоните невидливи.
Радувај се, отклучување на портите рајски.
Радувај се, сѐ небеско со земното се радува.
Радувај се, сѐ земно со небесното ликува.
Радувај се, на Апостолите усто непремолчлива.
Радувај се, на страстотерпците смелост непобедлива.
Радувај се, на верата цврсто утврдување.
Радувај се, на благодатта светло познавање.
Радувај се,низ Тебе адот се разголе.
Радувај се, низ Тебе во слава се облековме.
Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 5

Кога ја видоа богоиспратената ѕвезда, Мудреците блесокот нејзин го следеа, и имајќи ја неа за светилник небесенсо неа крепкиот Цар Го бараа;и пристапувајќи при Недостижниот, се израдуваа пеејќи Му: Алилуја!

ИКОС 5

Икос 5
Икос 5
Гледајќи Го отроците Халдејски во рацете на Дева Оној што со рацете луѓето ги створи, и сознавајќи дека Он е Господарот иако образ на слуга прими, поитаа со дарови да Му послужат и на Благословената да ѝ воспеат:

Радувај се, Мајко на Ѕвездата незалезна.
Радувај се, зоро на Денот таинствен.
Радувај се, Ти огништето на прелеста го изгасна.
Радувај се, Ти тајниците на Троица ги просветлуваш.
Радувај се, Ти мачителот нечовечен од власта го турна.
Радувај се, Ти Човекољубецот Христос, Господ, Го покажа.
Радувај се, Избавителке од варварското робување.
Радувај се, Очистителке од мрачните дела.
Радувај се, Ти го изгасна огнот идолски.
Радувај се, Ти пламенот на страстите го уништи.
Радувај се, Наставнице на верните кон целомудрие.
Радувај се, на сите родови веселие.
Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 6

Проповедници богоносни бивајќиМудреците во Вавилон се вратија, исполнувајќи го пророштвото ТвоеТе проповедаа насекаде, Тебе, Христа, оставајќи го Ирода ко во бунило,кој не знае да пее: Алилуја!

ИКОС 6

Блескајќи во Египет со светлоста на Вистината ја испади лагата на мракот, а идолите негови, Спасе, не поднесувајќи ја крепоста Твоја, паднаа. Оние што избавени беа ѝ воспеваа на Богородица:

Радувај се, на луѓето исправување.
Радувај се, на демоните понижување.
Радувај се, Ти силата на прелеста ја победи.
Радувај се, Ти лагата идолска ја уништи.
Радувај се, море, фараонот духовен што го удави.
Радувај се, камену, жедните за живот што ги напои.
Радувај се, огнен столбу, што ги води оние во мрак што се.
Радувај се, покрову поширок од облаците.
Радувај се,храно манната што ја заменуваш.
Радувај се, Ти Која на сладоста света ‹ служиш.
Радувај се, земјо ветена.
Радувај се, од Која мед и млеко истекува.
Радувај се Невесто Неневестна!

Икос 6, Кондак 7
Икос 6, Кондак 7

КОНДАК 7

Кога Симеон требаше од овој прелестен свет да се престави Ти врачен му беше како младенец, а тој Тебе и како совршен Бог Те позна; затоа восхитен од неискажаната премудрост Твоја, воскликна: Алилуја!

Оставете коментар

3 Comments on "Акатистот низ фрески: втор дел"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] прв дел | втор дел | трет […]

[…] Акатистот низ фрески, втор дел […]

[…] претходно: прв дел, втор дел […]

wpDiscuz