Акатистот низ фрески: четврти дел

претходно: прв дел | втор дел | трет дел

ИКОС 10

Икос 10
Икос 10
Крепост Си на девствените, Дево Богородице, и на сите што кон Тебе прибегнуваат, зашто Творецот на небото и на земјата Те устрои, Пречиста, вселувајќи се во утробата Твоја, и сите ги научи да Ти повикуваат:

Радувај се, столбу на девственоста.
Радувај се, врато кон спасението.
Радувај се, Началнице на духовна обнова.
Радувај се, Подателке на благоста Божествена.
Радувај се, Ти ги прероди срамно зачнатите.
Радувај се, Ти со ум ги обдари во безумие паднатите.
Радувај се, Ти го сотре убиецот на словеста.
Радувај се, Ти го роди Сеачот на чистотата.
Радувај се, брачна одајо на бессемено вневестување.
Радувај се, на верните со Господа соединување.
Радувај се, на девиците предобра хранителке.
Радувај се, на светите души невестокрасителке.
Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 11

Секоја песна што се стреми по множеството на штедроста Твоја да се спростре со пораз завршува; ако со песокот истобројни песни Ти принесеме, Цару Пресвет, со ништо достојно не сме Ти возвратиле за она што Си ни го дал нам, што ти воспеваме: Алилуја!

ИКОС 11

Како кандило светлоносно кое што на помрачените им се јави Светата Дева Ја гледаме; зашто оган невештествен палејќи сите во мудрост Божествена ги води, со блесок умот го просветлува и честена е со восклици вакви:

Икос 11
Икос 11
Радувај се, лач на Сонцето Духовно.
Радувај се, светило на Светлоста незалезна.
Радувај се, молњо, душите што ги просветлуваш.
Радувај се, зашто како гром демоните ги престрашуваш.
Радувај се, низ Тебе блеска многусветлото просвештение.
Радувај се, зашто река Си со обилно течение.
Радувај се, Ти што образот на очистување го живописаш.
Радувај се, Ти што скверноста гревовна ја отстрануваш.
Радувај се, бањо совеста што ја миеш.
Радувај се, чашо што радост црпеш.
Радувај се, кадило на Христовото благоухание.
Радувај се, животу на таинственото радование.
Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 12

Кондак 12
Кондак 12

Откако посака милост да подари за долговите древни, Разрешителот на сите долгови човечки Самиот дојде при оние што од благодатта Негова отстапија; кога го скина списокот со долговите од сите слушна: Алилуја!

ИКОС 12

Опевајќи го Породот Твој, сите ко жив храм Те фалиме, Богородице, зашто откако се всели во утробата Твоја, Господ, Седржителот, и ги освети, и ги прослави, и сите да Ти пеат ги научи:

Икос 12
Икос 12
Радувај се, на Бога Словото селение.
Радувај се, посвета од Светињата на Светињите.
Радувај се, ковчегу од Духот позлатен.
Радувај се, неисцрпна ризницо на живот нетленен.
Радувај се, чесен венецу на царевите благочестиви.
Радувај се, пофалбо чесна на јереите благоговејни.
Радувај се, на Црквата столбу непоколеблив.
Радувај се, на царската крепост темелу неразрушлив.
Радувај се, со Тебе победните знамиња се возвисуваат.
Радувај се, со Тебе непријателите се уништуваат.
Радувај се, на телото мое исцеление.
Радувај се, на душата моја спасение.
Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 13

О севоспеана Мајко, Родителке на Словото, посвето од сите Светии!
Примајќи го приносот сегашен од секоја напаст избави нѐ,
и од секоја идна мака сочувај нѐ, нас што Ти воспеваме: Алилуја!

Кондак 13
Кондак 13

Оставете коментар

1 Comment on "Акатистот низ фрески: четврти дел"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Акатистот низ фрески, четврти дел […]

wpDiscuz