Акатистот низ фрески: трет дел

претходно: прв дел, втор дел

ИКОС 7

Нова твар ни покажа кога ни се јави Создателот нам, на од Него створените. Од бессемена утроба излезе и Неа нетлена каква што беше Ја зачува, та чудо гледајќи, да ѝ воспееме повикувајќи:

Икос 7
Икос 7

Радувај се, цвету на нетлението.
Радувај се, венецу на воздржанието.
Радувај се, образот на воскресението го заблеска.
Радувај се, ангелскиот живот го објави.
Радувај се, дрво благоплодно од коешто верните се хранат.
Радувај се, дрво сеновито, под коешто мнозина се засолнуваат.
Радувај се, Ти Која во утробата Го носеше Избавителот на пленетите.
Радувај се, Ти Која Го роди Исправителот на заблудените.
Радувај се, на Судијата праведен умоление.
Радувај се, на многуте согрешенија простување.
Радувај се, на бедните ризо на дерзновение.
Радувај се, љубов што го победува секое желание.
Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 8

Кондак 8
Кондак 8
Откако го видовме надумното раѓање да отстапиме од светот и умот свој кон небесата да го воздигнеме. Зашто затоа великиот Бог на земјата како смирен Човек се јави, сакајќи кон висините да ги привлече оние што Му пеат: Алилуја!

ИКОС 8

Сиот меѓу нижните беше Логосот неизглаголив, и од вишните ни најмалку не отстапи; зашто слегувањето беше Божествено, не промена на место туку рождество од Дева, Која Бога Го роди и непрестајно слуша:

Икос 8
Икос 8
Радувај се, место за несместливиот Бог.
Радувај се, врато на чесното таинство.
Радувај се, за неверните гласу сомнежен.
Радувај се, за верните преславна пофалбо.
Радувај се, пресвета колеснице на Оној Кој почива врз Херувимите.
Радувај се, преславно селение на Оној Кој почива врз Серафимите.
Радувај се, зашто спротивностите ги соедини.
Радувај се, зашто рождеството и девственоста ги обедини.
Радувај се, низ Тебе гревот првороден се разреши.
Радувај се, низ Тебе рајот за нас се отвори.
Радувај се, клучу на Царството Христово.
Радувај се, надеж за благата севечни.
Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 9

Кондак 9
Кондак 9

Секое естество ангелско се зачуди од великото дело на Твоето вочовечување; зашто недостапниот Бог Го гледаа како Човек на сите пристапен, Кој нам ни сопостои и од сите слуша: Алилуја!

ИКОС 9

Икос 9
Икос 9

Благоглаголивите говорници како риби безгласни ги гледаме пред Тебе, Богородице, зашто не умеат да кажат како Дева остана и возмогна да родиш. Ние, пак, од таинството восхитени, верно воспеваме:

Радувај се, на Премудроста Божја живеалиште.
Радувај се, на Промислата Негова сокровиште.
Радувај се, мудрите немудри ги јави.
Радувај се, краснозборците во немост ги остави.
Радувај се, лукавите соблазнители полудеа.
Радувај се, баснотворците во безумие пропаднаа.
Радувај се, Ти ја раскина мудроста Атинска.

Кондак 10
Кондак 10
Радувај се, Ти ја полниш секоја мрежа рибарска.
Радувај се, од понорот на незнаењето извлекуваш.
Радувај се, мнозина со разум ги просветлуваш.
Радувај се, корабу за оние спасение што бараат.
Радувај се, пристаниште на оние што по животот пловат.
Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 10

Сакајќи светот да го спаси, Украсителот на сè во него самоветен дојде; и иако Пастир Божествен, заради нас Човек стана, откако со подобност подобното го повика, како Бог слуша: Алилуја!

Оставете коментар

2 Comments on "Акатистот низ фрески: трет дел"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] претходно: прв дел | втор дел | трет дел […]

[…] Акатистот низ фрески, трет дел […]

wpDiscuz