Акатистот низ фрески: прв дел

Акатистот кон Пресвета Богородица е една длабока и молитвена творба во која се славослови Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија. Тој е една од највозљубените служби во Православната Црква. Напишан е во царскиот град, „градот на Пресветата“. Самиот збор „акатист“ значи неседален, односно – додека се стихослови, од верните се очекува да стојат простум во знак на почит и благодарност кон Мајката Божја. Составен е од 24 дела (станци) уредени во акростих според грчката алфавита. Кон овој број во 626г., по избавувањето на Константинопол од наездата на непријателите, додаден е и воведниот кондак „Тебе Богородице, Војвотко…“. Станците се делат на кратки (напишани прозаично, кои завршуваат со пеење „Алилуја“) и долги (кои завршуваат со припевот „Радувај се, Невесто Неневесна!“). По овој модел се напишани и другите акатисти.

Тематски, првиот дел од Акатистот е посветен на Благовештението. Се пее за посетата од Архангелот Гавриил, зачуденоста што ја покажала Пресветата, нејзината посета на Елисавета и сомнежот на светиот и праведен Јосиф. Вториот дел го воспева Рождеството Христово, поклонувањето на пастирите и мудреците, бегството во Египет и Сретението на св. Симеон Богопримец во Храмот. Третиот дел го насочува нашето внимание кон обновувањето на светот со Христовото пришествие, вчудовиденоста на ангелите и немоќноста на луѓето достојно да ја искажат пофалбата кон Пресветата. Четвртиот, и последен дел се состои од лирско-реторски хвалоспеви кон Богородица преку кои верниот народ повторно го проси нејзиното застапништво.

Петоците од Великата Четириесетница се посветени на совршување на Акатистот кон Пресвета Богородица, за време на Малото повечерие. Ова читање е поделено на четири дела. Првите четири петоци од Постот се читаат четирите дела одделно (првиот – во првата седмица, вториот во втората итн.), а петтиот петок се служи Акатисно бдение – Похвала на Пресвета Богородица, кога се чита целиот Акатист.

КОНДАК 1

Тебе Богородице, Поборнице, Војвотко, ние, слугите Твои од зло избавени, песни пофални Ти воспеваме. Но Ти, Која крепост имаш непобедлива, од секоја беда ослободи нѐ, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!

ИКОС 1

Икос 1
Икос 1

Ангел претстател од небесата беше испратен на Богородица да ѝ рече ‘Радувај се!’ И со глас бесплотен, гледајќи Те како се воплотуваш, Господи, во ужас стоеше воскликнувајќи ѝ:

Радувај се, низ Тебе радоста заблеска.
Радувај се, низ Тебе клетвата исчезна.
Радувај се, на паднатиот Адам исправување.
Радувај се, на Ева од солзите избавување.
Радувај се, висино, и за помислите човечки недостижна.
Радувај се, длабочино, ни за очите ангелски несогледлива.
Радувај се, зашто царски престол Си.
Радувај се, зашто Го носиш Носителот на сѐ.
Радувај се, ѕвездо Која Сонцето Го објавува.
Радувај се, утробо на Божественото воплотување.
Радувај се, низ Тебе тварта се обновува.
Радувај се, низ Тебе на Творецот Му се поклонуваме.
Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 2

Гледајќи се Светата Себеси во чистота, смело на Гавриила му прозборе: Преславниот твој глас неразбирлив е за душава моја, зашто за рождество низ бессемено зачнување зборуваш воскликнувајќи: Алилуја!

ИКОС 2

Сакајќи да го разбере недостижното за разумот, Дева кон Тајнослужителот повика: ‘Кажи ми како е можно Син од чиста утроба да се роди?’

Икос 2, Кондак 3
Икос 2, Кондак 3

А тој со страв одговори ова велејќи ѝ го:
Радувај се, на Советот неискажлив Тајнице.
Радувај се, на оние молчание што бараат Веропазителке.
Радувај се, на чудата Христови Началнице.
Радувај се, на повеленијата Негови втемелителке.
Радувај се, лествицо небесна по Која Бог слезе.
Радувај се, мосту што земните на небо ги возведуваш.
Радувај се, чудо многусловено од ангелите.
Радувај се, многуоплакан поразу на демоните.
Радувај се, Светлоста надумна Си ја родила.
Радувај се, начинот никому не Си му го открила.
Радувај се, Ти Која мудрите со разум ги надминуваш.
Радувај се, Ти Која верните со смисла ги просветлуваш.
Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 3

Силата на Севишниот за зачнување Ја осени Неискусобрачната, и плодната утроба Нејзина нива беспрекорна стана за оние што спасение сакаат да жнеат, пеејќи непрестајно: Алилуја!

ИКОС 3

Икос 3
Икос 3

Имајќи Дева утроба Богоисполнета при Елисавета поита; а младенецот Елисаветин,познавајќи го поздравот Нејзин се зарадува,и со игра како низ песна на Богородица ѝ воскликна:

Радувај се, лозо со Ластар несовенлив.
Радувај се, на плод бесмртен стекнување.
Радувај се, Сотворителке на Творецот човекољубив.
Радувај се, Ти, Која Насадителот на нашиот живот го роди.
Радувај се, ниво која обилниот плод на штедроста Го раснеш.
Радувај се, Трпезо Која обилно очистување носиш.
Радувај се, зашто рајската сладост ја расцутуваш.

Кондак 4
Кондак 4

Радувај се,на душите пристан им приготвуваш.
Радувај се,преслатко молитвено кадење.
Радувај се, на сиот свет очистување.
Радувај се, кон смртните Божјо благоволение.
Радувај се, на смртните кон Бога дерзновение.
Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 4

Имајќи во себе бура на помисли сомневачки, целомудрениот Јосиф се збуни гледајќи Те, неискусобрачна, за тајнобрачна мислејќи Те, Тебе, пренепорочна; кога дозна дека од Светиот Дух е Твоето зачнување, рече: Алилуја!

Оставете коментар

4 Comments on "Акатистот низ фрески: прв дел"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Акатистот низ фрески, прв дел […]

[…] продолжение од првиот дел […]

[…] прв дел, втор […]

[…] прв дел | втор дел | трет […]

wpDiscuz