Агапи – магазинот што недостигаше

Почитувани читатели на Агапи,

Она што мислевме дека ќе биде еднодневна мала промена на кодот и дизајнот на сајтот, се претвори во повеќедневна обемна работа, промена, тестирање и рефакторирање. Сметаме дека дојдовме до една задоволителна верзија и затоа од денес одиме повторно онлајн. Во меѓувреме, оставаме простор некои функционалности да не работаат како што е планирано. Ве молиме за трпение во врска со истите.

Освен промената на дизајнот и кодот, од денес ја официјализираме и содржинската промена, односно нашето преориентирање кон магазински содржини: поуки, стории, вести, анализи, интервјуа и мултимедија. Ви ветуваме дека ќе работиме Агапи да биде магазинот што недостигаше. Колку ќе успееме во тоа, оставаме на Бога и вам да пресудите.

Сепак, речиси пет години работиме на сведочењето на евангелската вистина во интернет арената; илјадници часови работа и труд се вложени во Агапи. Часови кои сме ги жртвувале од нашето слободно време, но и кои сме ги украле од нашите најблиски, за што просиме прошка од нив. Им благодариме и на соработниците кои несебељубиво се даваат и вложуваат. И на читателите кои постојано ни пишуваат писма кои ни потврдуваат дека се наоѓаме на добар пат.

Доволно кажавме. Ве оставаме со добра мисла.

Уредниците

Оставете коментар

1 Comment on "Агапи – магазинот што недостигаше"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Prekrasni ste,Bog da ve blagoslovi.

wpDiscuz