Четири години „Агапи“

palestina

Почитувани читатели на Агапи, со радост и благодарност кон Бога се потсетуваме дека деновиве се навршуваат четири години од појавувањето на Агапи на македонската православна интернет сцена. Пред четири години со вас започнавме да градиме една приказна за сведочење на Христовата луда љубов во онлајн арената која неретко знае да заприлега на ранохристијанските римски арени. Како уредници, свесни сме дека во оваа арена сме далеку од етосот и патосот на оние кои ја воделе добрата битка, но не очајуваме. Токму затоа и ве замолуваме да издвоите нецели 5 минути од вашето време за да одговорите на прашањата од анкетата што ја подготвивме, а кои ќе ни помогнат да објавуваме полезни и корисни преводи и текстови кои би ви се допаднале [Врска: Агапи – Анкета]

Четири години, четири редизајни, сфатени и несфатени преводи и текстови. За сите наши грешки со кои сме ве возмутиле или соблазниле, ве молиме да ни простите, и смирено ги просиме вашите свети молитви.

Очекувајќи ги вашите одговори на анкетата [истата ќе биде достапна за пополнување до крајот на месецов], ве потсетуваме да ги посетите и другите наши проекти:

Православна енциклопедија | Православие | Свето Писмо.

Уредниците

Оставете коментар

2 Comments on "Четири години „Агапи“"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Среќен роденден! Ви благодарам што сте тука за нас, да ве благослови Бог и да продолжите да бидете со нас, затоа што ни давате радост, утеха и надеж. И уште повеќе ја зголемувате и зацврстувате нашата вера во Бог. Искрени честитки и Благослов Божји. Слава Му на Бог!

За многу години!

wpDiscuz