Аудио: Вечерна на љубовта

Бидејќи во повеќето Помесни Цркви постои пракса на Вечерната на љубовта (Вечерната во денот на Светлото Христово Воскресение) Светото Евангелие да се чита на што е можно повеќе јазици, Ancient Faith Radio годинава се потруди и ги повика своите слушатели да го снимат 65-то зачало од Евангелието по Јована (што се чита на Вечерната на љубовта).

А вечерта во истиот ден, првиот ден од седмицата, кога вратата, каде што беа учениците Негови собрани, беше затворена поради страв од Јудејците, дојде Исус, застана насреде и им рече: „Мир вам!” И ова како го рече, им ги покажа рацете и нозете и ребрата Свои. Се зарадуваа тогаш учениците, штом Го видоа Господа. А Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам.” И кога им го кажа ова, дувна и им рече: „Примете Дух Свети! На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.” А Тома, еден од дванаесетте, наречен Близнак, не беше со нив, кога дојде Исус. Другите ученици му рекоа: „Го видовме Господа.” А тој им рече: „Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам.”

Идејата наиде на интерес, и до моментов читањето на Евангелието е снимено на 19 светски јазици: од арапски, руски, до латински и еврејски. Читањето е достапно да се слушне и на македонски јазик, благодарение на трудот на отец Антониј од Кумановско-осоговската епархија.

Врска:

Agape Vespers Gospel

Оставете коментар

1 Comment on "Аудио: Вечерна на љубовта"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Аудио: Вечерна на љубовта […]

wpDiscuz