70% од бременостите во Русија завршуваат со абортус

Жени за живот

Голем процент од бременостите во Русија свесно се прекинуваат, објавила раководителката на движењето „Жени за живот“, Наталија Москвитина.

– Седумдесет проценти од бременостите завршуваат со абортус. Три четвртини од браковите се раскинуваат по четири години заеднички живот. На секои три секунди се убива по едно бебе во гинеколошките одделенија – изјавила г-ѓа Москвитина во средата. Инаку, таа е мајка на четири деца, која трипати лекарите ја убедувале дека треба да абортира, затоа што бебето ќе било родено со аномалија.

– Трипати се обидоа, и трипати им велев дека макар бебето се родило како инвалид, јас пак би сакала да бидам мајка на моето бебе.

Според неа, проблемот е што абортусите се вносен бизнис, и оние што се занимаваат со изведување абортуси, ги убедуваат идните мајки дека треба да се ползуваат со т.н. „право на избор“.

– Видете, абортусот е легален избор, и секоја жена е соочена со овој ужасен избор. Никој не им вели на жените дека наспроти „правото на избор“ стори правото на живот, и дека е нормативно да се борат за животот на нивното дете.

Извор: Интерфакс

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz