Во спомен на тристагодишнината од раѓањето на св. Козма Етолски

Нема место кадешто Бога Го нема. Ние, верните Христијани, кога сакаме да сториме некаков грев, треба да помислиме дека Бог е во нашите срца, дека Тој е присутен насекаде, дека нè гледа. Треба да се срамиме од ангелите, светителите, а особено пред ангелот-пазител на нашата душа, кој бдее над нас. Ако и пред малите деца се срамиме да сториме грев, како тогаш не се срамиме пред толку многу светители и ангели?

+ + +

За нас е природно да ги љубиме нашите ближни, затоа што од една природа сме, едно Крштение имаме, една вера, го примаме Едното Таинство, и се надеваме дека ќе се радуваме во рајот. Оној кој се удостоил да ги прими двата вида на љубов во неговото срце, љубовта кон Бога и љубовта кон неговите ближни, навистина е среќен. Оти, оној кој Бога во срцето го има, поседува сè што е добро и не може да поднесе да греши. А секој којшто Бога во срцето го нема, ѓаволот го има, и секогаш злодејствува и прави секакви гревови. И на илјада илјада добри дела да направиме, браќа: да постиме, да се молиме, милостиња да делиме; па и крвта за нашиот Христос да ја пролееме, ако немаме љубов кон Бога и ближните, а омраза и зајадливост кон ближните, сето добро што го правиме од ѓаволот е, и во пекол ќе одиме. Но, ќе речете, зар во пекол ќе одиме поради таквата мала омраза, и покрај сето добро што го правиме? Да, браќа, затоа што таа омраза е ѓаволски отров, и исто како што со малку квас, во сто кила брашно, тестото расте, истото се случува и со омразата. Го претвора сето добро што сме го сториле во ѓаволски отров.

од кажувањата на св. Козма Етолски

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz