25-ти Meѓунaрoдeн сaeм нa книгa: 09 април – 15 април 2013

Издавачкиот оддел на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе земе учество на 25-тиот Меѓународен саем на книгата што ќе се одржи од 9 до 15 април годинава. На својот штанд, МПЦ-ОА ќе изложи над 200 изданија од издавачките куќи на своите свети епархии. Изданијата на саемот ќе бидат со намалени цени.

Покрај изданијата, ќе бидат поделени и бесплатни примероци на епархиски списанија и брошури.

Ве покануваме да го посетите штандот на МПЦ-ОА и да ја збогатите вашата домашна духовна библиотека.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz