218-то писмо, за познавањето на Христа

До началникот К. П.

Многу се радувавте, бидејќи Вашиот син заврши високи науки во странство, дипломирал со одликување како прв меѓу првите. Но сега неочекувано и Вие и Вашата сопруга почувствувавте една мала болка, како убод од игла, кога вашиот учен, преучен син, пакосно се насмеал на вашата куќна Слава. Ништо не рекол само се насмеал, кога Вие ја запаливте славската свеќа, излегол од куќата и се вратил после славата. Вие и Вашата сопруга се погледнавте и почувствувте болка во срцето. Ништо не рекол, само се насмеал, но таа насмевка ви ја откри празнината во душа на Вашиот син. Оттогаш се повеќе ви се открива дека неговата душа е без духовен центар и без морална основа. И вие се плашите, да му зборувате за тоа, бидејќи чувствувате, дека по малце ве презира и ги отфрла сите Ваши правила на живеење и однесување. Затоа сакате да му пишам јас. Еве се одзивам на Вашата желба и пишувам:

Млад човеку, дозволи ми да ти раскажам една приказна. Два добри пријатела се разделиле и отишле да живеат во разни и оддалечени градови. После многу време повторно се сретнале. Едниот зборувал за едниот град, а другиот за вториот град. Но едниот не сакал ништо да му поверува на својот другар и почнал надмено да го изнесува своето мислење и за оној друг град, во кој никогаш не бил. Тоа, природно, тешко го ожалостило неговиот другар, па замолчел. Тоа си ти и твоите родители. Ти живееше во некој град на Знаењето, а тие во градот на Добрината. Сега ти го раскажуваш твоето искуство од Градот на Знаењето, а тие те слушаат и им веруваат на твоите зборови. А кога тие го кажуваат своето искуство од Градот на Доброто ти презриво се смееш и нив ги гониш во лага. Дали е тоа научен карактер – да го држиш твоето искуство за вистина, а туѓото за лага? Добро е твоето знаење, но добрината е подобра од сите знаења. Твоите родители го имаат ова подоброто. Од туѓинци се учеше на знаење, од родителите учи се на добрина. Доведи ги во склад добрината и знаењето, но така што добрината да владее над знаењето и да го раководи знаењето. Над секое техничко знаење стои преважното познавање на науката Христова, во која добрината е највисока, и се вика љубов и највисокото знаење, кое се вика мудрост. Еве како зборува апостолот: „сè наспроти прелиминарното познавање на Господа Исуса Христа го сметам за штета“ (Фил. 3, 8). Што поголемо е светското знаење, без ова свето знаење, штетата е уште поголема. И што повеќе светско богатство, повторно за толку поголема штета. Бидејќи Христос и само Христос може да го зачува учениот од злоупотреба на знаењето и големиот богаташ од злоупотреба на богатството. Сети се на оној славен научник, кој рекол: „сето мое знаење наспроти моето незнаење е како шака вода наспроти океан“, па биди и ти скормен. И целувај ги родителите во рака – „за да ти биде добро и долго да поживееш на земјата“.

Свети Николај Охридски и Жички
Мисионерски писма

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz